Општина Бутел започна со изградба на потпорен ѕид на улица 50.
Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши итна санација на оштетениот дел и со изградба на потпорен ѕид да се спречи понатамошно оштетување на улицата, која предизвикуваше загрозено и небезбедно движење на граѓаните.
Со овој потпорен ѕид ќе се обезбеди дополнителна сигурност на објектите на граѓаните и заштита од можно лизгање на земјиштето.
Ова беше едно од главните барања на граѓаните од ова населено место, коешто започна со реализација.