Денес, градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните активности на улица 25, во населеното место Расадник.
Градежната офанзива е во полн ек како никогаш досега.
Наскоро ќе биде реконструирана и главната улица 21 која е значајна за жителите од ова населено место.
Во наредните денови ќе продолжи реконструкцијата на улиците кои беа најавени како дел од фаза.
Во текот на овие 4 години, во општина Бутел нема да постои неасфалтирана улица.
Рамномерен и еднаков развој на општина Бутел без заборавени населени места.
Ветувањата се исполнуваат.