ПОВЕЌЕ ОД 600 УЧЕНИЦИ ОД ООУ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” ГО ФОРМИРАА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ
Дворот на основното училиште “Св. Климент Охридски” никогаш претходно не бил поубав.
Денес, основното училиште беше обоено во црвено и жолто, во боите на македонското знаме.
Градоначалникот Дарко Костовски вети дека почетокот на секој месец во општина Бутел ќе биде посебен.
Денес, градоначалникот заедно со учениците од ООУ “Св. Климент Охридски” го формираа македонското знаме и оддадоа почит на македонската химна, со што ги продолжуваат убавите настани.
Овој чин не прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности.
Развивање на чувството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи за градоначалникот е важен момент.
Македонија вечна!











