Денес, градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните активности на улица 1 во Љубанци, којашто е една од најголемите и најзначајните улици.
Улица 1 во должина од 510 метри и ширина од 4 метри ќе се асфалтира по машинското гребење и поставување на нов тампон.
Претходно поставена е нова водоводна линија со која се замени старата дотраена мрежа.
Градежната офанзива се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.