Од денес, официјално започна уписот на првачиња во новото општинско основно училиште “Визбегово” во населеното место Визбегово.
Градоначалникот Дарко Костовски детално беше запознаен со работата на комисијата која врши упис на првачиња.
Исто така, градоначалникот изврши обиколка на новите училници каде што ќе учат идните првачиња.
ООУ “Визбегово” е целосно подготвено за почетокот на новата учебна година.