Денес беа одбележани 60 години од постоењето и патрониот празник на општинското основно училиште “Живко Брајковски”.
Синот на Беличица – Живко Брајковски бил активен борец во НОБ во мавровскиот регион.
Во негова чест е именувано општинско основно училиште.
Наскоро, општина Бутел ќе инвестира за решавање на проблемот со кровот и таваните, како и уредување на училишниот двор.
Во изминатиот период ова општинско основно училиште доби нов модерен плоштад со амфитеатар, ново зеленило и уредување на училишниот двор. Исто така, беше реновирана спортската училишна сала и опремен нов кабинет по информатика.
Локалната самоуправа продолжува континуирано со развивање на образованието и збогатување на содржините во училишните дворови на општина Бутел.