Градоначалникот Дарко Костовски заедно со со претседателот на Владата на Република Македонија г. Христијан Мицкоски, министрите Фатмир Лимани и Весна Јаневска и пратеничката Каролина Насковска, го поставија камен- темелникот на новиот објект на детската градинка во населеното место Бутел 2.
“На мое огромно задоволство, а со целосна поддршка на премиерот Христијан Мицкоски по 60 години старата, руинирана детска градинка во населеното место Бутел 2 замина во историја. Објектот кој е изграден во далечната 1964 години ќе се сруши и на негово место ќе изградиме нова модерна, современа детска градинка. Новиот објект ќе биде финилизиран за околу 18 месеци. Ќе се простира на 1800 м2. Ќе има 3 влеза, 7 занимални со 7 спални соби, 2 занимални со заеднички спални соби и една модерна просторија за јасли. Ќе има и посебна просторија за изолација и медицинска сестра како и млечна кујна. Новата градинка ќе има капацитет за 200 деца и ќе ги исполнува сите модерни услови за згрижување на деца од предшколска возраст. Реализираме големо барање на граѓаните. Ова е капитален објект кој ќе го реализираме после долги години лажни ветувања. Како градоначалник ветив и во мојот мандат ќе се изградат 2 градинки. Една во населеното место Бутел 1 и една во населеното место Бутел 2.
Во периодот што следи од особено значење ќе биде поддршката од централната власт и премиерот Христијан Мицкоски. Тоа ќе значи реализирање на клучните капитални проекти и модернизирање на општина Бутел.
Заедно за модерна, современа и европска општина Бутел. За тебе” – градоначалник Дарко Костовски.












