Градоначалникот Дарко Костовски гостуваше во утринската емисија на МРТ и информираше за градежната офанзива која е во тек во општина Бутел.
Изградбата на нова детска градинка во населеното место Бутел 2 е во тек, а детската градинка во населеното место Бутел 1 е во завршна фаза.
Општина Бутел започна со реконструкција на клучните сообраќајници во општината. Улиците “Натанаил Кучевишки”, “Хо Ши Мин”, “1558”, “Марко Крале”, улица 1 во Визбегово и главната улица 30 во населеното место Љуботенски пат наскоро целосно ќе се реконструираат.
Новиот СРЦ “Бранители” е во завршна фаза, а наскоро ќе започне изградбата и на нови спортско-рекреативни центри.
Во изработка е и проектната документација за нова поликлиника во општина Бутел. Децениско ветување кое конечно ќе се реализира. Се проектира и новата пешачка патека на река Серава и новиот парк во населба Радишани.