Учебната година започна за сите првачиња во oпштина Бутел.
Градоначалникот Дарко Костовски го посети секое општинско основно училиште. Од ООУ “Гоце Делчев”, “Лиман Каба”, преку ООУ “Ацо Шопов”, “ Св. Климент Охридски”, “Живко Брајковски”, па се до “Петар Здравковски – Пенко”, “Панајот Гиновски” и новото општинско училиште “Визбегово” се дружеше и другаруваше со првачињата.
Општина Бутел и оваа година за секое прваче обезбеди квалитетно анатомско ранче.
Покрај ранчето обезбеден е и училишен прибор.
Сите ученици оваа година ја започнаа со нови училишни униформи.
На сите првачиња градоначалникот им посака многу успех, другарување, многу насмевки и радости.
Општина Бутел во наредниот период ќе обезбеди и дополнителни олеснувања за родителите и ќе продолжи со инвестициите во образованието и унапредување на наставата.
Влогот во нашите најмлади е наш влог во иднината!
Со среќа првачиња!