Тргнувајќи од желбата да се намалат разликите меѓу учениците, од оваа година, oпштина Бутел на секој ученик од прво до деветто одделение му обезбеди комплет униформа. Ова е уште една мерка со која директно им се помага на родителите. Од оваа учебна година 2024/2025 година, за сите ученици се обезбедени униформи, изработени од памучни материјали и висококвалитетни бои, кои ќе можат да се носат во текот на целата учебна година. Секоја наредна учебна година, oпштина Бутел на новите ученици ќе им овозможува бесплатни униформи, затоа што учениците заслужуваат еднаков третман и чувство на припадност во образовните институции. Локалната самоуправа вложува и е посветена на иднината на учениците.