Општина Бутел продолжува со реализирање на ветените проекти кон граѓаните. Уште едно барање на родителите од клонот “Ташко Караџа” се реализира.
Целосно е реконструирано детското игралиште во дворот на градинката во населба Радишани.
Ново детско катче, за најмалите дечиња квалитетно да го поминуваат слободното време со нови содржини.
Поставена е нова висококвалитетна мека подлога за безгрижна игра на дечињата, извршена е реконструкција на реквизитите, како и целосно уредување на просторот.
Најмладите се секогаш во фокусот на градоначалникот Дарко Костовски и ќе продолжи инвестирањето во подобрување на условите.
Општина Бутел е поубаво место за живеење со многу нови содржини.