Новиот спортско-рекреативен центар во населба Радишани во дворот на ООУ “Ацо Шопов” ќе се протега на повеќе од 5000 м2.
Ова е место на кое во минатото пораснаа многу генерации, многу ученици и деца своето време го поминуваа на овие игралишта, но за жал изминатите години беа целосно запуштени и уништени.
Спортско-рекреативниот центар “Радишани” ќе содржи модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова метална ограда и ново лед осветлување, баскет игралиште со специјална подлога кое беше реконстуирано во минатото, ново детското игралиште со нова мека подлога,реконструирана фитнес зона за вежбање и рекреирање, нови зелени површини, нови пешачки патеки и урбана опрема.
Општина Бутел се менува. Граѓаните го добиваат тоа што го заслужуваат. Добиваат модерна, урбана општина со многу содржини и простор за рекреација.