Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ПО 40 ГОДИНИ, НАДГРАДБА НА ООУ “АЦО ШОПОВ”

Градоначалникот Дарко Костовски, Премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката Билјана Симоноска Антовска, го поставија камен-темелникот на надградбата на ООУ ,,Ацо Шопов”.

Историски ден за сите граѓани, а особено за граѓаните на населба Радишани.

Новиот објект кој ќе биде изграден до почетокот на следната учебна година ќе се протега на 400 м2, ќе има 4 нови училници, хол, тоалети и потребни простории.

Вредноста на целиот проект изнесува 36 милиони денари. Оваа надградба ќе биде уште еден симбол за посветеноста на локалната самоуправа за обезбедување на најдобри услови за учениците.

Градоначалникот вети дека ваквите капитални инвестиции ќе бидат приоритетни и тоа го исполнува пред граѓаните.

Воедно, градоначалникот изрази големо задоволство за присуството на Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, како и министерката за образование и наука Весна Јаневска. Поддршката од централната власт која ја добива општината ќе значи модернизација на општината.

Исто така, градоначалникот упати голема благодарност до граѓаните на општината за поддршка која ја добива, а особено од граѓаните на Радишани. Изрази уверување дека ќе продолжи и во иднина со уште посилна динамика.

Следуваат многу нови проекти за Радишани.

Заедно со граѓаните ќе се реализираат проектите за подобра иднина на сите граѓани.

Previous ОПШТИНА БУТЕЛ МУ ДОДЕЛИ ПАРИЧНА НАГРАДА ОД 120000 ДЕНАРИ НА ЕВРОПСКИОТ МЕДАЛИСТ ТЕОДОР СТОЈАНОВСКИ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.