Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

75 ГОДИНИ ООУ “СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”

Во пресрет на големиот христијански празник беше одбележан патрониот празник на општинското основно училиште “Св. Климент Охридски”.

Општинско основно училиште, во кое градоначалникот Дарко Костовски го заврши основното образование, со гордост го носи името на првиот писател и просветител, првиот словенски Епископ и творец на Охридската книжевна школа.

Овогодинешната свечена манифестација која се одржа под мотото “Да се обединиме во различностите и да чекориме кон иднината” нè потсети дека различностите нè обединуваат.

Свети Климент, кој ја создаде кирилицата учеше: “Тргај се од злото и прави добро!”.

Градоначалникот истакна дека токму оваа негова мисла треба да ни е водилка во нашето секојдневие, да создаваме и правиме добро, добро за нашиот народ, за нашите граѓани и за идните генерации.

Previous ЦРВЕНО-ЖОЛТ БУТЕЛ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.