Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ГРАДОНАЧАЛНИК ДАРКО КОСТОВСКИ

“Почитувани,
Изминува успешна година за општина Бутел, реализиравме голем број проекти кои се од големо значење за сите нас.
Останав на принципите кои ги гарантирав пред локалните избори, ќе останам до крај. Затоа што општина Бутел е се што имаме.
Општина Бутел забрзано се менува, тоа беше моја приоритетна цел. Тука сум роден, тука живеам, тука ќе останам. Давам и допрва ќе давам се од себе за да нашата општина стане поубаво место за живеење на нашите деца.
Оваа година по бројот на реализираните проекти и нивното значење ја проценувам како најуспешна година од мојот досегашен мандат. Но посигурно е тоа дека следната 2025 година ќе биде најуспешна година во мандатот, најуспешна година во историјата на нашата општина.
Ќе ги започнеме најбараните капитални проекти за општина Бутел. Проекти за кои граѓаните изгубија верба дека е возможно да бидат реалност.
Јас, и мојот тим во 2025 година ќе влеземе уште помотивирано, ќе биде тешка година од аспект на работа, но историски успешна од аспект на реализирани капитални проекти.
Срдечен поздрав од славно Крушево.” – градоначалник Дарко Костовски

Previous ПОМИНА УШТЕ ЕДНА ГОДИНА СО ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ-ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ НАМЕНЕТИ ИСКЛУЧИВО ЗА НИВНИТЕ ПОТРЕБИ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.