Општина Бутел продолжува со реализирање на ветените проекти на граѓаните.
Изградено е ново детско игралиште кое се наоѓа во дворот на ООУ “Визбегово”.
Поставена е нова висококвалитетна мека подлога за безгрижна игра на дечињата, нови реквизити и нова урбана опрема.
Овој проект е дел од градежната офанзива во општина Бутел којашто започна оваа година.
Општина Бутел е поубаво место за живеење со многу нови содржини.









