Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

УШТЕ ЕДНО ДЕЦЕНИСКО БАРАЊЕ СЕ РЕАЛИЗИРА – ПО 40 ГОДИНИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА 1558 ВО НАСЕЛБА РАДИШАНИ

Општина Бутел не запира кога се работи за доброто и потребите на граѓаните на општината.

Започнува вистинска градежна офанзива во населба Радишани. Денес започна реконструкцијата на улицата 1558, а наскоро започнува реконструкција и на улиците “Симче Настевски”, “Киро Димушков” и “Боро Кралевски” со нејзините краци.

Ова се главните сообраќајници во населба Радишани.Покрај тоа, започнува изградбата на мега-паркот и плоштад на потегот над улицата 1558 на површина од 10.000 м2.

Улицата “1558” има површина од 4281 квадратни метри и должина од 658 метри.

Повеќе од 40 години оваа сообраќајница никој не ја реконструирал, што е евидентно од состојбата во која се наоѓа.

Граѓаните му ја дадоа довербата на градоначалникот Дарко Костовски и тој продолжува да работи во нивен интерес.

Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел.

Проектот се реализира во соработка со Министерството за транспорт и врски.

Градоначалникот изрази благодарност до министерот Александар Николовски за одличната соработка.

Оваа година ќе биде година на најголемата градежна офанзива во општина Бутел.

Previous РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЛАФОНИТЕ ВО ООУ “ЖИВКО БРАЈКОВСКИ”

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.