Денес започна целосна реконструкција на улицата “Симче Настевски” во населба Радишани.
По повеќе децении лажни ветувања на надлежните, општина Бутел го исполни најголемото барање на граѓаните.
Улицата е во должина од 500 метри и површина од 2500 метри квадратни.
Реконструкцијата на улицата “Симче Настевски” е дел од големата градежна офанзива – проект за реконструкција на 70 улици во износ од 150 милиони денари.
Општина Бутел останува посветена на инвестиции во инфраструктурата и подобрување на животот на граѓаните во секое населено место.






