Денес градоначалникот Дарко Костовски заедно со премиерот проф.д-р Христијан Мицкоски и министрите Александар Николоски и Златко Перински присуствуваа на почеток на изградба на мега-парк во населбата Радишани.
По повеќе децении лажни ветувања, се исполнува најголемото барање на жителите на населба Радишани. Денес започна изградбата на мега-паркот, којшто ќе се простира на површина од 10.000 м2. Истовремено, ќе се изгради голем плоштад и пешачки патеки на површина од 4.000 м2.
Паркот ќе содржи големо детско игралиште, со мека подлога и зелена површина од 6.000 м2. Целиот комплекс ќе биде осветлен со лед осветлување.
Мега-паркот во населба Радишани е капитален проект кој граѓаните го очекуваа од локалната самоуправа.
Општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски продолжуваат да создаваат големи дела-дела кои граѓаните на Бутел ги заслужуваат.
Воедно, продолжуваат активностите на локалната самоуправа за долгорочно унапредување и заштита на животната средина.













