Денес започна реконструкцијата на улицата 1559.
Улицата е во должина од 500 м. и површина од 1750 метри квадратни. Реконструкцијата предвидува машинско гребење, копање и поставување на нови шахти и сливници.
Општина Бутел продолжува со големата градежна офанзива за реконструкција на 70 улици и инвестиции во вредност од 150 милиони денари.
Ветувањата кон граѓаните се реализираат. Локалната самоуправа вложува во сите населени места за еднаков и рамномерен развој на патната инфраструктура.







