Денес започна асфалтирањето на улица 30 во населеното место Љуботенски пат.
Улица 30 е во должина од 900 метри. Асфалтирањето на улицата е дел од големата градежна офанзива – проект за реконструкција на 70 улици во износ од 150 милиони денари.
Општина Бутел останува посветена на инвестиции во инфраструктурата и подобрување на животот на граѓаните во секое населено место.








