Предизборното ветување станува реалност.
Населба Радишани ќе добие модерен парк кој ќе се простира на површина од 10 000 м2, од кои 6000 м2 ќе биде зеленило и 4000 м2 површина за пешачење, одмор и огромно детско игралиште.
Оваа инвестиција изнесува 20 милиони денари благодарејќи на владата на Република Македонија.
Во јавноста беа изнесени погрешни информации и беше предизвикано недоразбирање за земјиштето на кое се гради паркот.
Паркот се гради на вкупна површина од 9618 м2, од кои 4843 м2 се во сопственост на РМ, додека 4784 се во сопственост на МПЦ.
Со договор за пренос на градење склучен со МПЦ на 08.10.2024 година, општина Бутел се стекнува со целосно право да гради и на дел којшто е во сопственост на МПЦ – проект којшто пред се е јавно добро за граѓаните.
Суштински важен аспект е изградба на свет храм на овој простор, откако ќе се запазат сите законски прописи.








