Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

НОВ ДЕН – НОВА ЗНАЧАЈНА УЛИЦА СЕ АСФАЛТИРА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

Нема запирање кога се работи за доброто и потребите на граѓаните на општина Бутел.

Денес започна реконструкцијата на крак на улица “Петар Манџуков”, односно улицата која ги опфаќа сервисите и една од најфрекфентните улици која е поврзување со главната улица “Бутелска”.

Улицата е со површина од 1000 метри квадратни и должина од 115 метри. Покрај тоа, ќе биде извршена реконструкција на дел од тротоарите.

Повеќе децении оваа значајна сообраќајница воопшто не е реконструирана, што е евидентно од состојбата во која во моментов се наоѓа.

Градоначалникот Дарко Костовски ја оправдува довербата која граѓаните му ја укажаа и работи во нивен интерес.

Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел.

Previous ПОДАРИ КНИГА-ПОДАРИ УБАВ ЗБОР

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.