По повеќе децении и на големо барање на жителите од овој дел на населба Радишани, конечно започна реконструкцијата на улицата “Киро Димушков”.
Ова е значајна улица со површина од 2700 метри квадратни, односно 480 метри должина на која ќе се врши комплетна реконструкција.
Реконструкцијата на улицата “Киро Димушков” е дел од големата градежна офанзива со која ќе бидат реконструирани 70 улици и вложени 150.000.000 денари.
Ветувањата кон граѓаните се реализираат. Чекор по чекор се гради општина Бутел.






