Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

УЛИЦА “РУДО” КОНЕЧНО ДОБИВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА

Надминат е уште еден долгогодишен проблем со кој се соочуваа жителите од улица “Рудо”.

Денес започна реализацијата на овој значаен проект во населбата Бутел кој ќе го реши проблемот со атмосферските води. Ова е уште еден проект кој беше неопходно да се реализира.

Изградбата на нова линија на атмосферска канализација која ќе ги собира дождовните води е во должина од 400 метри.

Поради недостатокот на атмосферска канализација во минатото при врнежи од дожд, граѓаните се соочуваа со проблем, но со реализацијата на овој проект тој проблем се надминува.

Општина Бутел ќе продолжи да се гради како модерно и урбано место за живеење.

Previous МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е НАШАТА ЕДИНСТВЕНА НЕПОДЕЛЕНА ТАТКОВИНА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.