Денес беше одбележан патрониот празник на општинското училиште “Лиман Каба” кое слави 80 години постоење.
80-годишниот јубилеј беше одбележан со одлична приредба подготвена од учениците и наставниот кадар.
Во изминатиот период во ООУ “Лиман Каба” општина Бутел инвестираше во нов кабинет за информатика и во нова модерна енергетско-ефикасна фасада.
Локалната самоуправа продолжува континуирано со развивање на образованието во општина Бутел.














