Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА КЛУЧНА СООБРАЌАЈНИЦА, КРАК НА УЛИЦА “ПЕТАР МАНЏУКОВ”

Нема запирање кога се работи за доброто и потребите на граѓаните на општина Бутел.

Денес започна асфалтирањето на крак на улица “Петар Манџуков”, односно улицата која ги опфаќа сервисите и една од најфрекфентните улици која е поврзување со главната улица “Бутелска”.

Улицата е во должина од 115 метри и површина од 1000 метри квадратни. Беше извршена целосна реконструкција на дел од тротоарите.

Поставена е и атмосферска канализација за решавање на проблемот со водата.

Повеќе децении оваа значајна сообраќајница воопшто не е реконструирана, што е евидентно од состојбата во која се наоѓаше.

Граѓаните му ја дадоа довербата на градоначалникот Дарко Костовски и тој секогаш работи во интерес на сите граѓани на општина Бутел.

Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел.

Градежната офанзива е со силна динамика.

Previous СЛОБОДНИ ЈАВНИ ПОВРШИНИ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.