Денес градоначалникот Дарко Костовски имаше одлична можност да присуствува и да се обрати на приредбата по повод одбележувањето на празникот “Свети Кирил и Методиј” – денот на сесловенските просветители во ООУ “Петар Здравковски-Пенко”.
Одлична приредба со која учениците им оддадоа почит на делото и мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј.
Преку реализацијата на денешните образовни програми, вработените во училиштето ја продолжуваат мисијата на Светите Кирил и Методиј.








