По повеќе децении односно по 52 години и на големо барање на жителите од овој дел на населба Бутел се реконструираше улицата “Зуфер Мусиќ”.
Градежните активности на улицата “Зуфер Мусиќ” се завршија за исклучително брзо време. Оваа улица се реконструираше со два асфалтни слоја и подобрување на постелката.
Реконструкцијата на улицата “Зуфер Мусиќ” е дел од големата градежна офанзива со која ќе бидат реконструирани 70 улици и вложени 150.000.000 денари.
Ветувањата кон граѓаните се реализираат. Чекор по чекор се гради општина Бутел.









