По повод 20 години од формирањето, денес општина Бутел беше исполнета со детска енергија.
Спортскиот дух на најмалите дечиња уште еднаш беше на врвно ниво.
На денешната трка сите беа шампиони и заслужено добија златен медал.
Градоначалникот Дарко Костовски им честиташе на малите шампиони и истакна дека тие се гордост и иднина на општина Бутел.















