По повеќе децении и на големо барање на жителите од овој дел на населба Радишани конечно се реконструира улицата “Симче Настевски”.
Денес започна првата фаза на асфалтирање на улицата “Симче Настевски”. Наскоро ќе биде поставен и завршен втор слој.
Ова е значајна улица со површина од 2500 квадратни метри, односно над 500 метри должина на која ќе се врши целосна реконструкција.
Реконструкцијата на улицата “Симче Настевски” е дел од големата градежна офанзива со која ќе бидат реконструирани 70 улици и вложени 150.000.000 денари.
Ветувањата кон граѓаните се реализираат. Чекор по чекор се гради општина Бутел.









