Денес започна асфалтирањето на прв слој асфалт на улицата “Киро Димушков”.
Ова е значајна учица со површина од 2700 квадратни метри, односно 480 метри должина на која се врши целосна реконструкција на коловозната лента и тротоарите.
Реконструкцијата на улицата “Киро Димушков” е дел од големата градежна офанзива со која ќе се реконструираат 70 улици и ќе бидат вложени 150.000.000 денари.
Ветувањата кон граѓаните се реализираат.
Чекор по чекор се гради општина Бутел.








