Вечерва, на покана на љубанчани и љуботенци градоначалникот Дарко Костовски ги посети овие села.
Жителите изразија голема благодарност до градоначалникот за изнајденото решение за нивниот најголем децениски проблем.
Со децении лаги, со децении лажни ветувања. Дојде денот за реализирање на овој проект.
Градоначалникот изрази голема благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Александар Николовски.
Наскоро почнува реализирањето на капиталниот проект.













