“Д-р Никола е специјализант “ЈЗУ Универзитетска Клиника за пулмологија и алергологија”.
Никола живее во Бутел 2, пред се станува збор за добар млад човек.
Тој добро ја познава душата на општина Бутел, неколку години работеше и како матичен лекар во Бутел.
Слободно можам да кажам дека беше исклучително омилен кај своите пациенти.
Д-р Никола е човек со изграден карактер, човек со интегритет, на посебен начин ја доживува Македонија, особено општина Бутел.Нашата општина може да се гордее со вакви квалитетни млади луѓе.
Докторе, убеден сум дека ќе имаме одлична соработка, не чека многу работа, покажавме дека можеме и знаеме. Тек допрва доаѓаат најголемите работи.
Искрено сакам да му се заблагодарам на досегашниот претседател на совет д-р Игор Никилов за одличната соработка.
Тој веќе е избран за амбасадор во Р. Франција.” – градоачалник Дарко Костовски.
