Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

УБАВ ДЕН СО МНОГУ НАСМЕВКИ И НОВИ ДРУГАРЧИЊА

Започна учебната година за сите првачиња во општина Бутел.

Општинските основни училишта  “Гоце Делчев”, “Лиман Каба”, “Ацо Шопов”, “ Св. Климент Охридски”, “Живко Брајковски”, “Петар Здравковски – Пенко”, “Панајот Гиновски” и “Визбегово” ја започнаа учебната година со многу првачиња.

Општина Бутел и оваа година за секое прваче обезбеди квалитетно анатомско ранче.

Покрај ранчето обезбеден е и училиштен прибор.

Наскоро сите првачиња ќе ги добијат и училишни униформи.

Градоначалникот Дарко Костовски на сите првачиња им посакува многу успех, другарување, многу насмевки и радости.

Општина Бутел во наредниот период ќе обезбеди и дополнителни олеснувања за родителите, а ќе продолжи и со инвестициите во образованието и унапредување на наставата.

Previous ПОВТОРНО ПОДМЕТНАТ ПОЖАР ДО ГРАДИНКАТА И УЧИЛИШТЕТО “СВ. КЛИМЕНТР ОХРИДСКИ”

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.