Денес од општинско училиште “Ацо Шопов” започнаа Еразмус деновите под мотото “Еразмус штафета, кутија во движење”.
Од 13 до 18 октомври, низ цела Европа се слави духот на Еразмус+ програмата, поврзување, инспирација и заедничко учење.
Денови исполнети со активности, дружење и инспиративни приказни, вистинска прослава на учењето, креативноста и размената на искуства.
Ова е уште еден доказ за високиот квалитет на образовниот процес во општина Бутел.
Општина Бутел продолжува посветено за учениците, да создаде здрави и образовани млади кадри.










