Денес, градоначалникот Дарко Костовски заедно со претседателот на Владата на Република Македонија г. Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука г-ѓа Весна Јаневска поставија камен-темелник на првиот базен во ООУ „Ацо Шопов“.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за сите деца.
Грижата за децата е во фокусот на градоначалникот од моментот на преземање на функцијата. Истовремено, со ефикасна работа и јасна визија се забрза развојот на спортската инфраструктура во општината.
Овој базен, чија изградба ќе биде завршена за 18 месеци, ќе биде модерен објект, изграден по сите стандарди и ќе им служи пред сѐ на учениците, спортистите но и на сите граѓани.
Со оваа инвестиција која е во вредност од 77.000.000 денари се создаваат не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Објектот ќе се ппротега на површина од 621 м2 со 4 летни за пливање и ќе има посебни простории за соблекувални и тушеви. Базенското корито е со правоаголна форма.
Базенот ќе ги задоволува сите потреби за тренинг и натпревари според прописите на светската пливачка федерација ФИНА.
Градоначалникот изрази благодарност до претседателот на Владата г. Христијан Мицкоски за целокупната поддршка која ја дава на општина Бутел.














