Општина Бутел вложува 65.000.000 денари во големи и значајни проекти во населеното место Скопје Север.
Локалната самоуправа започнува со голема градежна офанзива. Општина Бутел ги реализира барањата на граѓаните на Скопје-Север.
Општината започнува со целосна реконструкција на улицата “Боро Менков”. Реконструкцијата ќе ги опфати и тротоарите, пешачките патеки и паралелните паркинзи. Во одреден дел на улицата општината ќе обезбеди и нови паркинг места. Ова е една од најголемите и најзначајните улици во Скопје Север.
Локалната самоуправа ќе ја реконструира и улицата “Костурска” заедно со двата големи паркинг простори и пристапни патеки. Исто така, за првпат ќе се изгради и тротоар за безбедно и непречено движење.
Покрај тоа, ќе биде извршена реконструкција на сите пристапни патеки до зградите во должина од 2.0000 метри. Со оваа реконструкција ќе бидат опфатени зградите на улиците “Боро Менков”, “Костурска”, “Лазо Москов” и “Гоце Стојчевски”.
Општината ќе ја реконструира и фасадата на општинското основно училиште “Петар Здравковски – Пенко” кое се наоѓа во населеното место Скопје Север. Исто така, ќе бидат опфатени и неколку помали паркинзи, кои беа барање на жителите.
Општина Бутел ќе изгради ново детско игралиште, нови паркови и ќе постави нова урбана опрема во неколку делови на населеното место Скопје Север.
Ова е најголемата градежна офанзива која ќе започне наскоро во Скопје Север.