Денес е ден за еден од најголемите проекти кои што се реализираа во општина Бутел.
Проект кој 40 години беше ветуван на граѓаните на општина Бутел станува реалност и во целост е завршен.
Општина Бутел го реализираше едно од најголемите барања на граѓаните на општината.
Локалната самоуправа изгради речно корито во должина од 1800 метри, трим патека и нова урбана опрема.
Исто така, изгради парк на површина од 5000 метри квадратни со што целиот простор е облагороден со зеленило.
Општина Бутел вложи 65 милиони денари во уредување на речното корито и изградба на трим патека.
Локалната самоуправа ги реализира ветувањата.