Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

УСВОЕН РЕКОРДЕН БУЏЕТ ОД 848 МИЛИОНИ ДЕНАРИ – ЛЕВИЦА, ДУИ И ВЛЕН ПРОТИВ РАЗВОЈОТ НА ОПШТИНАТА БУТЕЛ

Денес на седницата на Советот на општина Бутел беше усвоен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала општина Бутел.

Буџетот е развоен, во служба на граѓаните, кој значи реализирање на барањата на граѓаните.

За жал советниците на ДУИ, ВЛЕН и ЛЕВИЦА не го поддржа буџетот, не го поддржаа проектот за вода во Љубанци и Љуботен, нова поликлиника, не поддржаа нови улици во Љуботен, Визбегово, Скопје Север, Бутел, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на општина Бутел.

20 години без никаков интерес за граѓаните на општина Бутел.

63% од овој буџет е наменет за капитални проекти. Со овој буџет одвоени се рекорден број на финансии за капитални проекти: нова поликлиника, изградба на водоводот за Љубанци и Љуботен, детска градинка во населеното место Бутел 2, изградба на базен во ООУ “Ацо Шопов”, нови мостови на река Серава, уредување и чистење на речното корито на Серава, финансиска помош за новороденчиња, реконструкција на клучните сообраќајници во општина Бутел, реконструкција и ревитализација на голем број на помали сервисни улици, изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација, изградба на нови спортско-рекреативни центри, нови детски игралишта, нови спортски игралишта, пешачки и пристапни патеки, поддршка на спортски клубови, спортски стипендии, парична помош за пензионерите, зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства, финансии за културни и спортски настани.

Како и изминатите години така и во овој буџет предвиени се 0 средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци.

Парите на граѓаните мора и исклучиво ќе се користат за нивни потреби.
2026 година ќе биде година на развој и на многу нови значајни проекти во сите населени места.

Previous НОВОГОДИШНА МАГИЈА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.