Ветувањето на градоначалникот Дарко Костовски се исполнува.
Со одлична динамика напредува реконструкцијата на главната улица во Скопје Север.
Општина Бутел го реконструира и третиот крак на улицата “Боро Менков”, пешачките патеки и паркинзите.
Овој проект е во вредност од 27.000.000 денари.
Во овој период, локалната самоуправа вложува 1 милион евра во населеното место Скопје Север.








