Денес во посета на Општина Бутел беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Христијан Мицкоски.
Општина Бутел за само два месеци инвестираше 10 милиони денари во образование и 3 милиони денари во градинките.
Во образование инвестиравме во 33 интерактивни табли, 3 целосно опремени нови кабинети по информатика во ООУ Ацо Шопов, ООУ Гоце Делчев и ООУ Лиман . Две нови ултрамодерни игралишта за баскет во ООУ Ацо Шопов и ООУ Св. Климент Охридски
Во градинките изградено е ново детско игралиште во Бутел 1, опремени се 10 училници со столчиња и масички, набавени се играчки за клоновите како и две интерактивни табли специјализирани за претшколска возраст.