Процедура која ја започна Општина Бутел уште во 2014 година. Тогаш како советник гласав за отпочнување на целата постапка а денес како градоначалник во соработка со МОН ќе изградиме ново општинско основно училиште во Визбегово.
Денеска градоначалникот Дарко Костовски направи увид на градежната парцела каде наскоро започнуваат градежните активности и поставување на камен темелник. Како Општина Бутел во најбрз рок ќе ги обезбедиме сите потребни работи за непречено одвивање на градежните активности. Инвестицијата во општинското основното училиште е во вредност од 106 509 812,00 денари и ова училиште ќе има капацитет за над 500 ученици. Конечно овој проблем ќе биде решен и во учебната година 2023/2024 ќе имаме ново општинско основно училиште!