Градоначалникот Дарко Костовски денес присуствуваше на света божествена архијерејска литургија по повод големиот христијански празник Свети Наум Охридски во православниот храм Свети Наум Охридски Чудотворец во Радишани.
Ни претставува особена чест и задоволство, на сите граѓани на Општина Бутел, да упатаме срдечни честитки до сите граѓани кои го празнуваат денешниот голем празник и им посакуваме здравје, среќа, бериќет, благосостојба и хармонија.
За многу години!