Општина Бутел деновиве постави информативни табли на кои се укажува на забраната на фрлање шут и ѓубре на веќе исчистените депонии. Активен е и телефонски број на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават создавање на нови депонии или локации на кои се наоѓа ѓубре и да пријават несовесни граѓани кои ја загадуваат нашата средина!
Нашата цел е Општина Бутел без депонии, а граѓаните да бидат наш партнер во зачување на хигиената
Зелена и чиста Општина Бутел за поздрава иднина за сите нас!