Денес е одбележан почетокот на градежните работи за изградба на новото општинско основно училиште во населба Визбегово. За 18 месеци над 500 ученици ќе добијат ново општинско основно училиште. Како Општина Бутел максимално ќе се заложиме непречено да се одвиваат градежните активности со цел општинското основно училиште да биде завршено во предвидениот рок. Учениците веќе нема да имаат потреба да патуваат за да следат настава низ соседните училишта во други општини.