Денес започна целосна реконструкција на пензионерскиот клуб во населеното место Љуботенски пат. Место кое е од огромно значење за жителите од Љуботенски пат.
Општина Бутел заедно со општествено одговорни луѓе од ова населено место ќе го вратат стариот сјај на овој пензионерски клуб и повторно ќе биде во целосна служба за потребите на граѓаните. Со ова се исполнува уште едно предизборно ветување дека во најбрз можен рок ќе се реконструира овој пензионерски клуб и континуирано ќе се грижиме за сите граѓани во Општина Бутел!