Екипите за зимско оддржување заедно со општинскиот кризен штаб од рано утрово се на терен.
Навремено се исчистени сите критични места во Општина Бутел како и главните улици, сите споредни улици во сите населни места со цел непречено одвивање на сообраќајот.
Тимови од Општина Бутел работат на расчистување на сите пристапни патеки до градинките, банките, аптеките и тротоарите. Општина Бутел ќе ја следи целата ситуација и ќе продолжи со навремено реагирање !