Влатко Давитковиќ од Радишани заедно со своите братчиња и сестрички живее во многу лоши услови, недостојни за човек. Во куќа пред распаѓање и гладни стомачиња.
Влатко, Иван, Марина и Мирослав се родени како деца со посебни потреби.
Градоначалникот Дарко Костовски лично ќе се вклучи да помогне на ова семејство од нашата Општина, со што ќе им подари 50% од неговата месечна плата, дополнително со негов налог Општина Бутел ќе додели еднократна парична помош. Воедно ќе ги замоли сите советниците од Општина Бутел исто така да донираат дел од својот месечен паушал.
Ги повикуваме до сите општествено одговорни фирми кои егзистираат на нашата територија и ги замолуваме истите да се вклучат во оваа активност со цел семејството Давитковиќ да добие пристојни услови за живот, нова кујна, апарати за домаќинство и слично.