Денес градоначалникот Дарко Костовски имаше средба со амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Милан Предар и неговиот тим на која се разговараше за неколку актуелни теми.
Главен фокус на состанокот беше економската соработка и нови инвестиции во Општина Бутел.
На овој работен состанок беа презентирани погодностите кои Општина Бутел ги нуди, како средина која има најдобра местоположба, одлична патна инфраструктура и индустриски зони кој одговараат на потребите на компаниите.
Се разгледуваше и можноста за наши проекти кои може да ги поддржи Република Словенија и истите да ги помогне за аплицирање во ЕУ и ИПА фондовите.
Продолжуваме со зацврстивање на пријателскиот однос помеѓу нашите земји.